Дали знаете колку степени треба да биде во вашата спална соба за да имате квалитетен сон?

9 јули, 20200
0

Дури и да уживате во топлите летни денови, веројатно ниту малку не сакате такви ноќи. Во текот на летото многу е потешко да имате квалитетниот сон, благодарение на високите температури, па затоа не е изненадувачки што повеќето бараат спас во вентилаторите, климите или отворање на сите прозорци во куќата.

Но, која е всушност температурата за постигнување на идеален квалитетен сон? Christopher Sun, основач и извршен директор на My Sheets Rock, верува дека вашата спална соба треба да биде помеѓу 15 и 19 степени Целзиусови за да бидете сигурни дека ќе се разбудите одморени. Ако температурата во собата е повисока од препорачаната, поверојатно е дека ќе се превртувате во креветот во текот на ноќта и ќе се борите со несоница. Сепак, доколку не успеете да ја изладите просторијата на оваа температура, може да биде проблем и вашиот душек. Имено, докажано е дека луѓето кои спијат на душек со мемори пена повеќе се потат бидејќи го загреваат креветот.

Според Bill Fish, експертот за спиење, тврди дека во текот на потоплите месеци, мемори пената во овој период може да ја „зароби“ топлината на телото, што ќе ве натера уште повеќе да се потите во текот на ноќта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi