18 февруари, 2019

Радио

Експертите препорачуваат миење на забите најмалку два пати на ден.

Хигиената на усната шуплина е многу важна и недостатокот од неа може да предизвика разни здравствени проблеми.

Експертите препорачуваат миење на забите најмалку двапати на ден, наутро и навечер, а ако е потребно и почесто.

Сигурно е неопходно да се знае како правилно да се одржува хигиената на усната шуплина, без да се прават грешки.

Една од најчестите грешки, за што дури и не знаеме дека е грешка, е тоа што по четкање на забите, ние ја плакнеме устата со вода.

Професорите Никола Инес и Клемент Сибалук, педијатриски стоматолози на Универзитетот Данди во Велика Британија велат дека не треба да го правиме тоа затоа што не оставаме доволно време за флуоридот од пастата да го „направи“ своето.

Затоа, треба да се воздржиме од навиката да ја испираме пастата за заби, велат тие.

Исто така, треба да јадеме и да пиеме пред да ги измиеме забите, бидејќи забите по миењето се најчувствителни, советуваат стоматолози за Daily Mail.

Остави коментар

Почетна // живот // ГОЛЕМА ГРЕШКА КОЈА СИТЕ ЈА ПРАВИМЕ КОГА ГИ МИЕМЕ ЗАБИТЕ: Ова сигурно не го знаевте, а многу е важно!
Горе