Грижата за себе е дисциплина, а не задоволство

5 март, 20190
gri]a

Ако сме искрени, грижата за себе е досадна…

Време е да си признаеме дека нашето колективно разбирање за само-грижа е ужасно, уназадено и сосема погрешно. Грижата за себе не е да си купите нов пар чевли, поради кои нема да имате пари за кирија за овој месец, ниту пак да потрошите половина од вашата заштеда на велнес викенд со пријателите. Во грижата за себе не припаѓаат оние мали нешта кои ни даваат моментално задоволство, туку токму спротивното. Да се грижиме за себе, значи да донесуваме одлуки што се добри за нас, а не оние што ни се чинат добри во моментот. И затоа грижата за себе е дисциплина. Како што кажал добриот старец Абрахам Линколн: Ова се, да речеме, некои од работите што се навистина грижа за себе (претпазливо, ќе забележите дека повеќето од нив не се „пријатни“):

1. Исклучете го телевизорот наместо да гледате уште една епизода од вашата омилена серија, за да можете да станете рано наутро и да го направите вашиот утрински тренинг.

2. Одбијте го вториот пијалок на бизнис забавата. Можеби е добро да го одбиете и првиот.

3. Кажете „НЕ” кога не сакате да одите некаде, иако можеби некој ќе ви се налути.

4. Занимавајте се со работи за кои мислите дека се важни.

5. Да се постигне и одржува финансиска независност.

6. Оставете другите луѓе да се грижат за себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *