24 јануари, 2020

Радио

Поврзаноста помеѓу дебелината и депресијата се зголемува во адолесценцијата, пред се кај девојчињата, според неодамнешните истражувања.

Според студијата објавена во „The International Journal of Obesity“, постои поврзаност помеѓу дебелината и депресијата. Истражувањето беше спроведено на 1.500 млади луѓе на возраст од 11-24 години.

Научниците постојано преземаат антропометриски мерења и интервјуираа млади луѓе за да утврдат дали е присутно некое од нарушувањата.

Откриено е дека дебелите девојчиња се изложени на зголемен ризик од депресија и обратно, пишува порталот Pliva.

Така, депресијата може да доведе до дебелина како резултат на зголемен апетит, недостаток на сон и летаргија, додека дебелината може да го зголеми ризикот од депресија заради ниска самодоверба, социјална стигматизација и намалена подвижност.Од друга страна, оваа корелација не е забележана кај млади мажи.

Остави коментар

Почетна // живот // Истражувањата покажаа дека депресијата и дебелината се почести појави кај девојките
Горе