28 мај, 2020

Како се чувствувате овие денови? Малку уморено? Ја откривме причината поради која сте толку нерасположени. Можеби страдате од криза на емоционална енергија – онаа која што не можете да ја победите со витамини и кофеин.

Според авторот на книгата „The Emotional Energy Factor“, Мири Киршенбаум, физичката енергија, онаа што ја добиваме со квалитетно спиење, вежбање и здрава исхрана, сочинува до 30% од нашата вкупна потреба за енергија. Другите 70%, кои ги извлекуваме од бурниот дневен распоред за да можеме да се опуштиме и да се смееме навечер со пријателите и семејството, мора да потекнуваат од емоционална енергија. А, што е тоа што ни го намалува расположението и како да го вратиме?

Следете ги тајните на емоционалната енергија.

Направете нешто поразлично

Кога сме во гужва, создаваме „доволно добра рутина“ за себе и монотонијата ни ја убива емоционалната енергија. Повремено, ни треба нешто ново во нашите животи за да бидеме среќни.

Победа: Ако сте без енергија, излезете од рутината. Пријавете се за некоја нова рекреација, одете на кафе во кафуле во кое никогаш не сте биле, или купете кармин во боја која е необичаена за вас. Без промена, животот станува досаден, исцрпувачки.

Игнорирајте ги очекувањата на другите луѓе

Кога луѓето што ви се важни, од вас очекуваат некои работи што не ги сакате, тоа може да биде емоционално исцрпувачки.

Победа: Прогласете независност. Не кажувајте никому, но вашите очекувања се ваш главен приоритет и бидете среќни кога ќе ја постигнете вашата цел. Не грижете се зашто не ги задоволувате туѓите потреби, како на пример кога некој пријател ве повикува да излезете, а вие само сакате да се опуштите дома.

Радувајте се на работите кои се важни за вас

Повеќето од нас имаат совршено добар живот, но постојаната одговорност како обврските на работа или факултет може да направи да се чувствуваме фрустрирани.

Победа: Обновете ја својата енергија со тоа што секогаш ќе имате нешто што ќе ве возбудува. Планирање на патување е бр. 1 на листата за подигнување на емоционална енергија. Затоа, испланирајте викенд далеку од дома што ќе ве ослободи од чувство на приврзаност и беспомошност.

Остави коментар

Почетна // Life Story // Како да ја победите кризата на емоционална енергија?
Горе