Кажете им збогум на вирусите: Моќен напиток од ѓумбир кој ги брка сите зимски болести

5 февруари, 20190
lime

Сезоната на вируси и грипови, пополека го достигнува својот максимум и затоа е потребно да се наоружате со сите одбранбени средства, најдобро со природни.

Вкусниот и топол пијалок од ѓумбир ќе ги затопли „ладните“ коски и ќе ви помогне да бидете отпорни на настинки и многу други непријатности. Само една голтка од овој пијалок ќе направи чудо за вашето тело и ќе ви помогне да се справите со сите вируси.

Состојки:

  • парче свеж ѓумбир
  • 1л. обична вода
  • неколку лажички домашен мед
  • 1 лимон

Подготовка:

  • излупете го ѓумбирот и исецкајте го на тенки парчиња
  • ставете го ѓумбирот во лонец и полијте го со топла вода, па оставете го да се вари барем 15-20 минути на умерена температура.
  • потоа, тргнете го од оган и оставете го да одстои барем 5 минути
  • одвојте го ѓумбирот од течноста, течноста засладете ја со домашен мед и исцедете лимон по желба и испијте го додека е топло

Причини поради кои би требало да го пиете овој пијалок:

  • Ги зајакнува телото и имунитетот
  • Го забрзува закрепнувањето ако сте болни
  • Ги смирува гадењето и нервозата во стомакот
  • Делува смирувачки на нервниот систем
  • Ја регулира работата на цревата и ја намалува надуеноста
  • Ја подобрува циркулацијата
  • Ќе ве стопли подобро од најдебелото зимското ќебе

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi