НЕРВИРА, А И ЛОШО Е ЗА ЗДРАВЈЕТО: Три вежби кои можат да ви помогнат да го намалите ‘рчењето

29 мај, 20190
р

Не е пријатно кога најблиските ве опоменуваат дека повторно не спиеле поради вас, бидејќи цела ноќ сте ‘рчеле. На крајот на краиштата, тоа исто така го нарушува квалитетот на вашиот сон, бидејќи дишните патишта се стеснети поради несоодветната позиција во текот на спиењето.

Затоа обидете се да не спиете на грб, затоа што во оваа позиција мекото ткиво се повлекува и му пречи на дишењето. А зошто да не ги пробате вежбите протов ‘рчење?!

* Отворете ја устата, долната вилица поместете ја надесно и задржете ја накратко во таа положба. Повторете го истото, само на другата страна.

* Изговарајте ја гласно секоја самогласка, последователно – А, Е, И, O, У три минути. Повторете го ова неколку пати дневно.

* Врвот на јазикот ставете го зад горните предни заби и повлечете го назад. Останете во оваа позиција 30 секунди, па повторувајте ја оваа вежба три минути, неколку пати на ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *