Ова е најдобриот начин да го зачувате здравјето на својот мозок

25 март, 20190
semki

Здравата исхрана може да има најголема улога во квалитетот на работата на организмот, што како последица на тоа е долг живот – но, истиот треба да биде квалитетен. Еден од честите проблеми што се јавуваат во подоцнежните години е деменција, синдром поврзан со сè полоши когнитивни функции, а околу 850.000 луѓе живеат со симптоми на деменција. Има малку информации за тоа што точно може да го забави развојот на болеста, но новата студија тврди дека за когнитивното здравје може да ви помогне високата конзумација на ореви.

Универзитет од Јужна Австралија откри дека оревите може да ја зајакнат функцијата на мозокот во зрелата возраст. Резултатите објавени во магазинот The Journal of Nutrition, Health and Aging, се врз основа на податоци од 4822 лица над 55 години.

Внесувањето на повеќе од 10 грама ореви дневно, што е околу две кафени лажички, е поврзано со подобра способност за размислување, поврзување и сеќавање. Научниците излегоа со неверојатни резултати со кои когнитивното функционирање може да се подобри за дури 60% поради внесот на ореви.

„Оревите имаат високи количини на здрави масти, протеини и влакна, а може да го намалат холестеролот и да го подобрат когнитивното здравје“, објаснува водечкиот автор др. Минг Ли за „Independent“. „Иако не постои долгорочен лек за намалување на когнитивните вештини со текот на годините, варијациите во исхраната може да завршат со подобри когнитивни резултати“, заклучува тој.

Светската здравствена организација проценува дека околу 47 милиони луѓе во светот живеат со деменција, а до 2030. година оваа бројка ќе се зголеми на 75 милиони.

„Природно е со годините да дојде до промени во поврзаноста, брзината на обработка на информациите и меморијата. Сето тоа е нормален дел од процесот на стареење. Но, возраста е се уште најголем ризик за когнитивните болести “, додава д-р. Ли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *