20 октомври, 2019

Радио

Со оглед на секојдневниот густ распоред, можеби е тешко да вметнете тренинг од еден час, но за петминутно истегнување навистина немате изговор. На вашето тело му треба активен повик за будење после спиење, а совршен начин за целосно будење е токму ова кратко време од само пет минути што можете да го направите во удобноста на вашиот кревет.

Поточно, истегнувањето ќе ви помогне да се справите со напнатоста и стресот пред да започнете нов ден. Покрај тоа, ќе започнете со добра циркулација уште од рано наутро и ќе си дадете време да дишете длабоко пред да запливате во морето на обврските.

Инаку, како што открива Claire Grieve, експерт за јога, истегнување и длабоко дишење ќе ви даде вистинска експлозија на енергија и ќе ве разбуди подобро од кофеинот.

Иако вашето тело ќе се буди, вие всушност ќе се чувствувате целосно опуштено и смирено. Во видеото подолу, погледнете како треба да изгледа утринското истегнување.

Остави коментар

Почетна // живот // Рутина која ви дава енергија и го подобрува вашето здравје
Горе