За мозокот е најлошо кога се жалите

14 мај, 20190
стрес

За жал, стресот на сите ни стана вообичаен придружник, а бидејќи веќе се докажа дека го смалува мозокот, треба колку што можеме да се ослободуваме од него.

Честопати се обидуваме да се ослободиме од него така што ќе се пожалиме за некои од проблемите, користејќи го ова како издувен вентил, но и тука се појави проблем – имено, истражувачите од Стенфорд докажаа дека жалењето има негативно влијание врз нашите мозоци.

Веројатно сите многу често се наоѓаме во ситуација да им се жалиме на нашите клиенти, шефови или колеги на работа, а таа приказна обично продолжува и откако ќе се вратиме дома.

Накусо – ако го правиме тоа подолго од половина час дневно, предизвикуваме трајно оштетување на нашиот мозок.

Истражувањата спроведени со магнетна резонанца покажаа дека постои поврзаност помеѓу долготраен стрес, изложеност на хормони кои тогаш се создаваат и смалување на хипокампусот, дел од мозокот кој е задолжен за учење и снаоѓање во простор. Покрај тоа, хипокампусот е дел од мозокот во кој се создаваат нови сеќавања.

Единствениот начин да се спречат негативните последици е наместо постојано да се жалиме, да понудиме решенија за ситуациите кои нѐ фрустрираат – едноставно кажано, треба да се пожалите за проблемот, но накусо, а потоа да продолжите во позитивна насока …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *