Звучи неверојатно, но постои смртоносна доза на кафе

16 мај, 20190
кафе

Денот без кафе на многумина им е незамислив. Но, дали знаевте дека премногу кафе буквално може да ве убие? Ова беше објаснето од страна на научниците чија работа беше пренесена на каналот ASAPScience. Во едно видео се анализираат интересни, но и често опасни ефекти од кофеинот врз човечкиот мозок. „Постои смртоносна доза на кофеин и изнесува околу 150 милиграми кофеин по килограм од вашето тело”, рече Мичел Мофит, основач на каналот.

„Значи, ако имате 70 килограми, 70 шолји кафе за вас би можеле да бидат фатални”, објасни Мофит.

Иако бројот на чаши може да варира во зависност од видот на кафето кое го пиете, но и од начинот на кој го подготвувате, станува збор за количина што би било тешко да се испие.

„Физички, не можете да внесете толку многу течност во вашиот стомак. Исто така, би почнале чудно да се однесувате или да халуцинирате “, рече Мофит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *