Од тешко крварење, надуеност, грчеви и промени во расположението, менструацијата навистина може да ни предизвика сериозни проблеми некогаш.Многу од нас, се плашат од денот кога треба да добијат циклус, бидејќи тие знаат што ги очекува, и го немаат луксузот да се кријат од светот секој пат кога ќе го добијат својот период за да можат го направат поднослив. Но, за среќа, постои решение што дава надеж дека некои работи можат да се променат. Овие се додатоци кои помагаат при надуеност, промени во расположението и грчеви. Пред да започнете да земате самостојно, консултирајте се со вашиот лекар.
Магнезиум
Ако грчевите ви се најголеми непријатели за време на менструацијата, земете го во предвид магнезиумот. Некои гинеколошки студии од 2017 година откриле дека овој минерал има одличен ефект во олеснување на грчевите, а постојаното консумирање помага за мигрена и менструални болки на долг рок, а одредени видови на магнезиум, наводно, помагаат за квалитетот на сонот, што може да биде проблематичен за време на менструацијата.
Омега-3 масни киселини
Тие можат да се најдат кај риби и јаткасти плодови и да имаат бројни здравствени придобивки, од намалување на срцевите проблеми до намален ризик од карцином на дојка. Но, докажано е дека додатоците од омега-3 можат да го направат вашиот период попријатен. Намалување на болка и грчеви и општо намалување на непријатност за време на менструацијата.
Коноп
Коноп е мало, медицински многу моќно растение кое им помага на жените да ги надминат природните хормонални состојби, како што се елиминирање на менструалните нарушувања, намалување на симптомите на ПМС, менопауза и генерално враќање на хормоналната рамнотежа. Познат е и како Vitex agnus-castus, див папар или дрво на воздржаност затоа што во минатото се користело и за контрола (намалување) на сексуалниот нагон. Коноп е еден од најпопуларните природни додатоци во исхраната кој ефикасно помага во регулирање на менструалниот циклус, намалување на ПМС-симптомите како што се грчеви, напнатост, нервоза, болка во градите. Покрај симптомите на ПМС, коноп се користи и за намалување на симптомите на менопауза.
Ѓумбир
Ако имате проблеми со тешко крварење, ѓумбирот може да помогне и да го намали крварењето. Во една студија од 2014 година, резултатите покажаа дека конзумирањето ѓумбир во прав како додаток драстично го намалил крварењето за време на менструацијата и делумно помогнал при намалување на грчевите.
Гинко
Еден од најстарите видови на живо дрво, гинко, има лисја кои се многу богати со антиоксиданти кои можат да помогнат да се намали воспалението, да се зајакне циркулацијата и да се намали вознемиреноста. Иако научниците сè уште учат за својствата што ги има ова растение, се чини дека може да помогне и при менструацијата. Имено, докажано е дека менталните и физичките симптоми на ПМС кај жени кои консумирале гинко се многу ублажени, но се уште се прават истражувања.