Чекал 6 месеци за новата Тесла, поминал само 550 км со неа и доживеал нешто неверојатно!

14 мај, 20200
тесла

Откако Тесла започна со масовно производство на електрични автомобили, постојано се редат забелешки во однос на завршната обработка на возилата кои им се испорачуваат на купувачите.

Најмногу замерки има за Модел 3, а тие се однесуваат на немарно склопените панели на каросеријата, неквалитетното боење, гребаници на надворешноста и слични детали од козметичка природа кои се припишуваат на неискуството.

Сепак, најновиот инцидент во кој во текот на возењето на еден Модел 3 во Велика Британија се откачил воланот, сигурно ќе им предизвика главоболки на менаџерите во Тесла, бидејќи се работи за сериозен проблем кој ја загрозува безбедноста на патниците.

Сопственикот на спорниот Модел 3 го купил возилото пред еден месец, што значи дека се рабти за сосема ново возило.Со него имал поминато 550 километри.

За среќа, воланот му се откачил додека возел во рикверц со мала брзина на празен пат пред неговата куќа. Но можело да биде полошо бидејќи дента тој поминал 30 км во возење.

Од компанијата Тесла признале дека воланот не бил фабрички правилно прицврстен и рекле дека ќе спроведат истрага како дошло до тоа.

Во меѓувреме од компанијата Тесла го зеле спорниот Модел 3, го поправиле воланот и му го вратиле на сопственикот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi