Комби од шеесетите го „покоси“ ФЕРАРИ на трката

7 август, 2020
vw-t1-kombi-620x350

Сцената остави многумина во неверување, но сè станува појасно кога ќе откриете дека станува збор за комбе, чија преработка траеше цели пет години.

Пред неколку години на тркачката патека „Autodromo Monza“ во Италија се одржа трка на постари и понови класици, по што многу посетители беа оставени во неверување. Старото комбе „Фолксваген Т1“ буквално ги „покоси“ сите автомобили што се најдоа на патеката, вклучително и неколку „Ферари“.

Сепак, сè станува појасно, кога ќе откриете дека ова не е обично старо префарбано комбе, туку возило за чија преработка швајцарецот Фред Бернард потроши цели цели пет години.

Му требаше толку долго да го создаде „комби-чудовиштето“ кое го нарече Фолксваген Т1 „Race-Taxi“. А за оваа „race“ во името се должи на 3,6-литарскиот битурбо мотор на Порше од култниот 911 (модел 993 од 90-тите), кој развива 530 „коњски сили“ и најголем вртеж од 757 Nm. Затоа не е изненадувачки со колкава леснотија го „голта“ асфалтот и престигнува сè што е пред него “