Победникот во ледена трка на најдлабокото езеро во светот

30 април, 20200
naslovna

Со ова импресивно возило, Заруцки успеа да достигне брзина од 123 километри на час и да ја однесе победата пред другите интересни возила.

“Baikal Mile” е невообичаена трка со моторно возило на замрзнатата површина на најдлабокото езеро во светот. Се одржува кон крајот на февруари и почетокот на март од 2019 година.

Таа има за цел да тестира различни типови возила на ледената површина на Бајкалското езеро, конкретно на специјално изработена патека до една милја или 1,6 километри.

Годинешната победа му припадна на рускиот блогер Константин Заруцки, кој на трката се појавил со тенк од домашна работилница. Поточно, во реконструираниот Бентли на кој беа ставени тенковски тркала.

Со ова импресивно возило, Заруцки успеа да достигне брзина од 123 километри на час и да ја однесе победата пред другите интересни возила.

Езерото Бајкал е најстарото и најдлабокото езеро во светот, на најдлабокиот дел достигнува дури 1642 метри длабочина. Зафаќа површина од 31.494 квадратни километри во азискиот дел на Руската Федерација и опфаќа дури 20 проценти од резервите на свежа вода во течна форма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *