Јас ѝ реков да не прави такви работи, а госпоѓата се налути, стана и го напушти локалот.
Ова признание е објавено на порталот „Ispovesti“:
„Поправам и заменувам оштетени делови на мобилни телефони и други уреди.“
Една постара госпоѓа дојде кај мене пред неколку дена, ми го донесе телефонот на внука си, ми рече дека го украла, само за да види дали има безобразни слики во него, слушнала од соседката дека нејзината внука сака да се слика гола.
Јас ѝ реков да не прави такви работи, а госпоѓата се вознемири, стана и го напушти локалот.
Слушнав од еден колега дека била во неговиот локал следниот ден, тој демек го зеде телефонот, го поврза со компјутерот, погледна нешто и не најде ништо, ништо безобразно.
Госпоѓата беше среќна, како да го освои целиот Свет. После тоа, тој ми рече дека не допрел ништо, приклучил некој глупав кабел, дури не го ни вклучил. Можев и сам да го сторам тоа, но не, можеби и подобро.
Ако се сликала, се сликала себеси. Кој знае што има во тој телефон, нека остане во него, никој не треба да знае “.