Ако го прашате Гугл – Јелена Карлеуша има 62 години: Еве како се случи тоа!

29 октомври, 2020
карлеуша

Некој очигледно сакаше да се нашали и го промени датумот на раѓање на пејачката

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша беше мета на луѓе кои сакаа да се нашалат на нејзина сметка, па на Интернет можете да најдете информации дека пејачката има 62 години.

Како што е познато, Јелена е родена на 17 август 1979 година, а пред неколку месеци го прослави својот 42 роденден.

Меѓутоа, кога пребарувањето за „Јелена Карлеуша“ е внесено на Гугл, на страницата се појавуваат основни податоци од страницата Википедија, па така пишува дека Јелена е родена на 17 август 1958 година и има 62 години.

Но, кога ќе влезете на страницата „Јелена Кралеуша“ на Википедија, точни се податоците за нејзиниот датум на раѓање, годините, како и фактот дека е омажена за фудбалерот Душко Тошиќ и дека имаат две ќерки Атина и Ника.

Написите на Википедија можат да бидат напишани и дополнети од секој што има пристап до Интернет, но сепак администраторите можат да ги поправат кога ќе забележат грешка.

Сепак, поради количината на информации и статии на Википедија, се чини дека за никој од нив не е лесно да ја забележи грешката.

escort - Korsan taksi