Анастасија повеќе не живее во Белград: Младата пејачка открива зошто се преселила и што и е најголем притисок (ВИДЕО)

10 декември, 2020
130875456_1018765501968713_4997670346065825984_n_1000x0

Младата пејачка и ќерка на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ е многу активна на Инстаграм, каде често објавува фотографии и записи од нејзиниот приватен живот, но и комуницира со обожавателите. Попладнево, таа реши да одговори на нивните прашања во врска со нејзината приказна.

– Како се чувствувате кога читате негативен коментар или гледате негативни работи за вас по порталите – ја прашал еден од корисниците на Инстаграм.

– Се обидувам да не обрнувам внимание. Не е секогаш лесно. Некои луѓе знаат како да навредуваат сочно, без никогаш да ги видат вашите очи во живо. Тоа е огромен притисок. За мене е важно да сум добра со себе и главата, да бидам искрена со себе и да ја знам вистината. Јас не сум личност што се тешам, кога грешам-грешам, но стојам зад моите грешки и веднаш се обидувам да ги поправам и да работам на своите недостатоци. Времето е најдобриот показател, како што знаете – напиша таа.

Anastasija Ražnatović