Бјела откри ТАЈНА СТАРА ТРИ ДЕЦЕНИИ : Ја убедив Брена НАВИСТИНА да се бакнеме,а таа…

8 октомври, 2020
brena-2

Брена сериозно ја сфати задачата

Фолк sвездата Лепа Брена сними интимна сцена со актерот Драган Бјелогрлиќ за филмот „Хајде да се воимо“ пред повеќе од три децении. Нивниот славен бакнеж во хеликоптерот многумина го паметат, Бјела ја откри позадината на овој страствен момент.

Имено, Бјела ја замоли Брена да имаат вистински бакнеж, на што таа се согласи.

„Бидејќи Брена немаше актерско искуство, ѝ реков дека правам сè реално и дека нема никакво мамење и дека тој бакнеж мора да го направиме на начинот на кој се прави. Се сеќавам дека уредникот Станко Црнобрњо викаше: „Стој, застани, Брено, полека малку“. Таа улога ја сфати сериозно затоа што е сериозен професионалец и стори сé што е потребно, но во филмот влезе поблага верзија на бакнежот, која не беше реална“, рече Драган Бјелогрлиќ, како гостин во документарниот филм за познатата пејачка прикажан на „ТВ Прва “.

Во истиот документарец, Боба Живојиновиќ зборуваше за почетоците на емотивната врска со најголемата музичка sвезда на поранешна Југославија.

„Се сеќавам кога уште бев на почетокот на кариерата, ми се случи да сонувам дека сум во врска со Брена. Одевме во еден тогаш познат клуб и нашиот заеднички пријател се обидуваше да не поврзе. Во тоа време, не познавав многу луѓе од тоа опкружување, освен Бата Живојиновиќ, кој беше наш семеен пријател “, рече Боба, а Брена откри како реагирала кога го видела за прв пат.

„Го забележав додека снимавме сцена со Хидра. Влезе многу висок и убав млад човек, но не успеав да го запознаам. Потоа, некое време, мојот пријател Перс ми ја покажа средната страна на весникот, каде што тој се раширил на теренот и така слушнав за него “, рече таа и откри дека Боба дошол со Бата на премиерата на филмот во Домот на синдикатите.

escort - Korsan taksi