„Боба ме запроси „мортус“ пијан“: Брена откри детали од бракот, а еден од нејзините услови не бил исполнет

4 ноември, 2020
dardaneli190920190012-830x0

– Боба, за да си ја ублажи нервозата, испи половина шише ракија, а со другата половина тргна да ме запроси од татко ми – рече фолк sвездата

Фолк дивата Лепа Брена (60) изјави дека на нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ (57) му требало шише жештина за да се осмели да ја запроси.

Имено, како што рече Брена, некогаш најдобриот тенисер во Југославија беше страшно нервозен кога требаше да ја побара раката на Брена од нејзиниот таткото.

– Боба сакаше да се венчаме. Имав само еден услов, да ме испроси според стариот обичај, но ниту тоа не го исполни, бидејќи беше многу нервозен. Се запознавме на музички фестивал во Германија. За да ја ублажи вознемиреноста, Боба испи половина шише ракија, а со другата половина тргна да ме запроси од татко ми. Претходно го подготвив татко ми малку да негодува и да го залажува. Сепак, штом Боба ме запроси, тато ми рече: „Деца, нека ви е со среќа“. Кога подоцна го прашав зошто не стори како што му реков, тој ми одговори:

„Ќерко, толку многу ја одложувате оваа врска, што помислив дека никогаш нема да се омажиш“, рече Брена во деведесет и некоја година, пишува Република.

Брена тогаш веќе беше сигурна дека никогаш нема да се разведе од Боба, што се оствари и тие се уште се во брак.

Брена тогаш веќе беше сигурна дека никогаш нема да се разведе од Боба, што се оствари и тие се уште се во брак.

– Семејството е свето за мене. Така е од првиот ден на бракот. Никогаш не би се развела, освен ако се уверам дека Боба не ме сака и не ме почитува – рече фолк sвездата и додаде:

– Тогаш започна втората приказна од мојот живот. Мојата кариера сè уште ми беше важна, но секој слободен простор го оставив за нас двајца. Двајцата сме силни личности, затоа прилагодувањето започна. Сфативме дека не можеме еден без друг. За жал, нашето прилагодување го следеа медиумите, бидејќи во прашање се две јавни личности. Тешко е да се сокријат некои работи од медиумите. Се обидовме да бидеме одговорни и да се сакаме. Воопшто не беше лесно – заклучи Брена.