Брена: „Живеам за денот кога ќе можам повторно да си ја работам својата работа…“

23 октомври, 2020
pjimage-2_1lhYDh2

По крстарењето цело лето, пејачката се врати во Белград со сопругот Боба Живојиновиќ. Таа ужива да биде со своето семејство, но признава дека и недостигаат настапите

Пејачката Лепа Брена неодамна го прослави својот 60-ти роденден. Иако имала голем број на свеќи на тортата, таа вели дека за неа е важна состојбата на умот, која ја негува со години.

– Тоа е сериозна бројка и сериозна цифра. Но, важно е да се чувствувате добро. Важно е да имате внатрешен душевен мир. Јас се справив со животните предизвици. Во годините што следеа, решив да уживам во семејството и пријателите. Ќе уживам и со мојата публика на некои нови концерти – изјави Брена за медиумите.

По крстарењето цело лето, пејачката се врати во Белград со сопругот Боба Живојиновиќ (57). Таа таму го прослави својот роденден. Вели дека во целиот свој живот, а не во кариерата, никогаш ништо не ѝ пречело.

– Сите лоши работи, падовите што ги доживеав, ме научија да станам, да продолжам понатаму и да научам лекција од сите овие ситуации. За некои луѓе доволно е да видат каде другите грешат, а други мораат сето тоа да го почувствуваат на своја кожа. Секој што постигнал одлични резултати морал да работи напорно – смета пејачката.

Но, во моментот и недостасуваат настапи.

– Сите живееме за денот кога ќе почнеме да функционираме и кога секој од нас ќе си ја заврши својата работа, за која е создаден. Никогаш не би ја сменила професијата во која работам – признава Брена.