Екипата од серијата “Луд, збунет, нормален” се опрости од славниот Изет: Тој ми беше како татко, така и го викав…

23 ноември, 2020
2386651_mustafa-nadarevic-6_ls

Мустафа Надаревиќ почина на 77-годишна возраст во Загреб, а последните месеци се бореше со рак на белите дробови.

Сенад Башиќ истакна дека Мустафа му бил како татко.

„Тој ми беше татко, јас го викав тајо. И јас некако си реков „Отиде тајо“. Мислам дека тоа е толкава загуба за нашата индустрија во целиот регион што ќе биде навистина тешко да се надополни и ќе трае долго, сè додека не се роди некој толку талентиран и толку посветен на оваа наша уметност“, истакна актерот.


Милан Штрљиќ се потсети на нивната соработка.

“Сега зборувам како граѓанин на Сплит, Сплит изгуби голем актер затоа што Мујо остави многу длабока трага во тоа камено сеќавање на градот. Тој едноставно припаѓаше таму, како и на Сараево и Загреб”, рече Штрљиќ. .

Младиот актер Тарик Џиниќ, кој го играше Џебра, внукот на Мустафа Надаревиќ, во серијата „Луд, збунет, нормален“, го потресе веста за заминувањето на големиот актер.

“Не знам што да кажам во овој момент… Пред околу еден час ја слушнав веста за смртта на Мустафа, тоа е навистина огромна загуба. Во овој момент можам само да кажам дека сум среќен затоа што имав чест да соработувам со таков добар актер и сум среќен дека го запознав како човек“, рече Џиниќ.

escort - Korsan taksi