Елитна локација и чудно барање: Сопругот на Јелена Карлеуша купил стан на ОВАА локација!

10 ноември, 2020
557515_jelena-i-dusko_ls


Фудбалерот и сопруг на пејачката Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, наводно станал сопственик на стан во новоизградена зграда во близина на Храмот Свети Сава. Душко долго време бараше таков имот, кој се наоѓа на еднонасочна улица.

Фудбалерот ангажирал и дизајнер на ентериер за овој стан, а тој имал едно барање, а тоа е детските соби да гледаат во храмот. Тошиќ наводно не заштедил пари кога станува збор за овој имот, бидејќи се знае дека становите на оваа локација чинат и до 3.000 евра за метар квадратен, а ако земеме предвид дека станот има 100 квадратни метри, овој имот го чинел околу 300.000 евра.

Потсетуваме, фудбалерот веќе поседува стан на Дедиње, каде со години живееше со своето семејство, а пред неколку години од Драган Стојковиќ Пикси купи вила за која плати два милиони евра. Покрај ова, Тошиќ поседува и продавници во поширокиот центар на градот што ги изнајмува.