Емина можеше да ја доживее судбината на Лејди Ди: Речиси сите ќе загинавме поради прогонувањето од страна на папараците!

11 октомври, 2020
емина наслов

Пејачката проговори за ужасната ситуација

Емина ја отвори душата и раскажа со што се среќава во Истанбул.

Пејачката откри и застрашувачки ситуации низ кои поминува со папараците кои ја следат од чекор во чекор.

Емина Јаховиќ се пресели во Истанбул поради љубовта кон Мустафа Сандал, сепак, не ја смени адресата и по разводот.

Таа беше многу интересна за локалните медиуми, особено папарацо-фотографите, пред се поради нејзината љубов со Сандал, која е голема ѕвезда во Истанбул. По завршувањето на бракот, медиумите тргнаа по нејзините стапки, особено поради нејзината врска со друг богат Турчин. Пејачката ги откри ужасните ситуации во кои се најде поради тоа.

Имам огромен проблем со папараците во Турција. Имав неколку ситуации кога за малку ќе слетавме од патот и сите што бевме во автомобилот ќе настрадавме поради нивните прогонувања. Се случи и да ме удрат со камера по главата, таму тоа е толку страшно и воопшто не е во ред “, откри Емина во емисијата со Гоца Тржан.

Да потсетиме, принцезата Дајана загина во сообраќајна несреќа бегајќи од папараците.

escort - Korsan taksi