Еве што прави Цеца сега со нејзиниот внук, а не правела со Вељко и Анастасија кога биле мали!

8 септември, 2020
Screenshot_4_1000x0

Таа ужива да се гали и да си игра со внукот

Цеца Ражнатовиќ отворено зборуваше за домашните медиуми за нејзиниот внук Жељко Ражнатовиќ, кому му го посветува секој слободен момент и истакна дека му го посветува сето внимание кое не им го давала на своите деца затоа што тогаш имала многу повеќе обврски.

– Ние мораме да се организираме, секој од нас е вработен и има свои обврски. Тој има помош во Тител, семејството на Богдана доаѓа кај него, кога се во Белград, јас сум тука, кога немам никакви обврски, секако дека ќе бидам со него, тоа е големо задоволство за мене. Кога бев помлада, кога беа во прашање моите деца, немав сила за такво нешто, а сега имам премногу. Претпоставувам дека тоа оди со зрелоста, тој е навистина задоволство за мене. Сите работиме, па убаво се организираме – изјави Цеца во емисијата „Ексклузив“.

Таа додаде дека е многу нежна и ужива да се гали и да си игра со нејзиниот внук.

– Имав и мои деца, секогаш ја покажував својата понежна страна. Јас сум емотивна и нежна жена по природа. Се галиме цел ден, јас го снимам. Осумдесет проценти од сликите и клиповите ми се со бебето, телефонот ми е полн – изјави фолк sвездата во споменатата емисија.