ХАОС! Гаги оди во затвор ако не го каже дилерот! Нови шокантни детали за апсењето на Џогани

18 септември, 2020
Screenshot (54)_1000x0

Мора или ќе оди зад решетки

Гаги Џогани (49) наводно ќе заврши во затвор доколку не ѝ открие на полицијата кој му продал две пакетчиња кокаин, со кои беше уапсен завчера во Земун во близина на мостот на Пупин.

Познатиот танчер и поранешен учесник во реалното шоу „Задруга“ по апсењето се правдаше дека дрогата е само за лична употреба и дека не сака да ја препродава. Веднаш по сослушувањето, тој бил пуштен да се брани од слобода, а вреќичките со сомнителниот прашок биле испратени на вештачење со цел недвосмислено да се утврди дека станува збор за кокаин.

– Поднесена е кривична пријава против Џогани за неовластено поседување наркотици, врз основа на член 246а, за што му се заканува парична казна или затвор до три години. Врз основа на тој член од законот, Џогани може да избегне затвор доколку ѝ открие на полицијата уште од кого ја купил дрогата. Сега, се чека да се заврши вештачењето на дрогата, а после тоа, Третото основно обвинителство ќе го покани танчерот на сослушување, па ќе видиме што одлучил и дали ќе го открие својот дилер – изјави изворот за споменатиот весник.

Гаги Џогани, патем, беше психички скршен кога полицијата од Земун го донесе до станицата.

– Тој се правдаше дека бил во тешка ментална состојба по напуштањето на „Задруга“ и дека не може да преживее без кокаин. Тој исто така рече дека му е жал, бидејќи едвај се опоравил од дрогата, а сега повторно е на колена – изјави нашиот извор.