„ИМАШ МИЛИОНИ, А ВАКА ИЗГЛЕДАШ?!“- Јелена конечно проговори за својот стајлинг: Носам исти фармерки со години!

24 ноември, 2020
jelena-n

Кој би рекол…

Јелена Ѓоковиќ е некоја која отсекогаш имала намален стил на облекување. И додека некои ја поддржуваат во тоа, други се прашуваат зошто е тоа така.

Коментарите на социјалните мрежи се различни, а тие често се однесуваат на нејзиниот изглед.

Сопругата на славниот тенисер Новак Ѓоковиќ неодамна се појави во шоуто каде го објасни својот став по прашањето за изгледот:

– Секој има право да се изрази. Ми стана толку досадно. Најдов значење во помагањето на природата на тој начин. Тоа е фино. Не купувам повеќе како што купував. Носам фармерки стари неколку години, носам една иста маица, сакам секогаш да имам иста фризура, не користам шминка. Ми стана досадно, но со овој избор придонесов за нешто. Не морам да сум во право, само одам по мојот пат, ова ми одговара. Јас сум полна со самодоверба, се чини дека сум апсолутно во право! (смеа) Зборувам така, ма… Се сакам себе си, зборувам за сè така со страст кон некого, не знам. Верувајте ми, задутре може да се предомислам. Можам да кажам: „Ох, не, ова не е за мене“.Правам сè сто проценти. И работам сто проценти за да се предомислам – рече таа во интервјуто.

„Дали е можно да имате милиони, а вака изгледате?“, „Не ми се допаѓа како изгледа“, се само дел од пораките што може да се најдат на Интернет во врска со нејзината посета.

escort - Korsan taksi