Јелена Карлеуша конечно откри она што сите ги интересира: Поради ова, Душко повеќе не ја следи на „Инстаграм“

15 октомври, 2020
jelena

Јелена Карлеуша развод- е еден од најбараните термини на „Гугл“. Пејачката и фудбалерот минатата година имаа бројни проблеми, но тоа не влијаеше значително на нивниот брак. Сепак, јавноста се интересираше за нивниот развод кога Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша престанаа да се следат на социјалните мрежи и да објавуваат заеднички фотографии.

Јелена Карлеуша никогаш не го спомна разводот јавно. Душко и таа живеат во заедничка вила на Дедиње, но често се разделуваат поради неговата работа. Душко поминува поголем дел од годината во Кина, додека Јелена своето време го посветува на своите ќерки.

Сепак, кралицата на „шоу-бизнисот“ повремено ја скокотка фантазијата на публиката со изјава или провокативна фотографија. Во последно време нејзините провокативни изданија зачестија, а Јелена откри дека токму тоа е причината што Душко повеќе не ја следи на „Инстаграм“.

– Тој одамна одлучи дека не сака да гледа што објавувам на „Инстаграм“. Не сака да знае, не сака да гледа. Ме запозна како скромна домаќинка која никогаш не се облекуваше провокативно и тогаш се случи неверојатна промена – истакна низ смеа Јелена.

Во врска со нејзините секси и заводливи фотографии, таа додаде дека за сè е виновна нејзината врела крв.

– Јас секогаш ја имам оваа треска, се надевам, не од короната, но јас сум жешка жена. Никогаш не ми е ладно, ретко носам чорапи, ретко носам нешто потопло. Кога ќе размислам, секогаш сум гола и секогаш сум најдобро облечена. Тоа е еден апсурд е што се случува на Балканот, дека голата жена е секогаш најдобро облечена – откри за „Телеграф“.

View this post on Instagram

💥💥💥

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Јелена Карлеуша конечно го откри она што ги интересираше сите – провокативните фотографии се причината што тие двајца не се следат на социјалните мрежи. Од друга страна, таа јасно стави до знаење дека „Инстаграм“ никогаш не може да биде мерило за нечиј брак.

escort - Korsan taksi