Јелена Карлеуша отворено проговори за неверството во бракот

14 декември, 2020
jelena-2

Српската пејачка Јелена Карлеуша говорејќи за неверството во бракот рече дека таа на нејзиниот сопруг Душко му попуштала повеќе отколку тој нејзе. 

Јелена вели дека имаше доста пречки во бракот но успешно ги надминувалее.

На Душко му пружив безброј нови шанси! Не сум сигурна дека тој би бил подготвен за истиот тест на издржливост. Ние жените сме потолерантни и поголеми будали, рече Карлеуша.

Таа ја имаше најтурбулентната година во животот, но сепак вели дека нема да се разведе заради децата.

Сè уште верувам дека сопружниците треба да останат во брак заради децата, каков и да е тој, рече Јелена.

Таа додава дека вистинска љубов постои но таа не е помеѓу маж и жена.

Тоа е љубовта на мајката кон детето. Сè друго е подложно на ерозија – рече Карлеуша.

Пејачката сеуште се нема помирено со смртта на нејзината мајла која почина од рак на белите дробови:

Мислам дека Дивна не замина и никогаш нема. Таа е тука со секој мој здив, секое чукање на срцето и секоја мисла. Мајка ми живее низ мене. Некаде пре крајот тоа и го реков. Сакав да и биде кристално јасно. Двете бевме толку поврзани на сите нивоа, што тоа не може да исчезне. Тој вид љубов никогаш не заминува. Јас не зборувам за мајка ми во минато, ниту тоа го прават луѓето во моето опкружување, завршува познатата српска пејачка.