КАДЕ ПЛОВИ НИВНИОТ БРОД? Лепа Брена објави карикатура од неа и Боба од која сите останаа воодушевени!

14 декември, 2020
promocija_lepa_brena__165753__photo_E-Stock_blank_1000x0


Веродостоен и смешен цртеж.


Лепа Брена и Боба Живојиновиќ неодамна прославија 29 години хармоничен брачен живот. Тие се едни од ретките парови на поп сцената кои останаа доследни на својата љубов, без скандали и интригирачки ситуации. Нивните обожаватели го следат секој нивни чекор, и честопати ги прават среќни, како во овој случај беше карикатура на познат пар.


На својот Инстаграм профил, Лепа Брена објави карикатура од неа и Боба на пловидба на долга јахта и напиша:

-Кога нашиот брод плови, плови… Му благодарам на Алан Алебиќ за оваа прекрасна карикатура.

Коментарите за објавената фотографија почнаа да се следат, а меѓу првите колегите Драгана Мирковиќ и Данијела Враниќ не го криеја својот ентузијазам.