Карлеуша во СЕКСИ поза го запали интернетот па ја избриша фотографијата! Но сепак за тоа беше доцна…

10 ноември, 2020
јелена

Јелена ги воодушеви своите обожаватели со фотографијата на која е во минијатурно светло кафеаво боди, а на нозете има високи циклама чизми.

Поп-sвездата Јелена Карлеуша често истакнува дека е секс бомба и дека со оглед на нејзината работа мора да изгледа одлично.

Овој пат, Јелена ги воодушеви своите обожаватели со фотографијата во минијатурното светло кафеаво боди, а на нозете носи високи циклама чизми, кои ги носеше за прв пат кога ја сними спотот за песната „Ostavljam te“.

Толку е тешко да се соблечат (чизмите) ја бришам сликава за 3,2,1 – напиша Јелена во описот на фотографијата која, навистина, набрзо ја отстрани од својот профил.

Инаку, Јелена пред неколку дена објави селфи од креветот и напиша дека најверојатно ќе се покае за секси фотографијата и ќе ја избрише. Таа и овој пат се пошегува на ист начин, но провокативната фотографија сè уште е на нејзиниот Инстаграм профил.