Кеба за прв пат проговори за разводот на син му Игор и Северина, фановите останаа во шок! (ФОТО)

21 октомври, 2020
keba

Северина Којиќ престојува во Хрватска веќе неколку месеци, додека нејзиниот сопруг Игор го минува времето во Белград! Шпекулациите дека нивниот брак оддамна завршил од ден на ден стануваат сè погласни.

Соседите на популарниот фолке Драган Којиќ – Кеба откриваат дека веќе подолго време не ја виделе српската снаа, но и дека слушнале приказни дека Игор повеќе не е со хрватската музичка sвезда.  Се’ до моментот додека не се огласи таткото и свекор,  Драган Којиќ – Кеба, кој излегол од куќата малку да рекреира, но патем и да го однесе миленичето на прошетка.

„Не знам каде се, ниту знам каква е нивната врска. Тие се возрасни луѓе и претпоставувам дека знаат што да прават. Од друга страна, сè што прават, си прават себе си“ – ќе рече Кеба.

„Ако мене ме прашате, љубовта никогаш не треба да се објаснува, ниту може да се објасни. Никогаш не го користам зборот како оружје, ниту за одбрана, ниту за напад, па така ќе биде и овојпат. Сè постои во моето срце и љубовта може само да се почувствува таму.  Затоа, што ќе биде, нека биде. Само нека бидат живи и здрави и Господ нека им ја даде целата благодет и среќа во животот“ – ќе рече Кеба филозофски, а потоа и се обратил на јавноста:

„Би им порачал на сите кои на грд начин се занимаваат со мојот живот, најпрвин  да го исчистат својот двор, бидејќи во мојот,  секогаш се’ било на своето место. Јас би им рекол да се молат на Бога и да побараат прошка затоа што ниту знаат што прават, ниту што зборуваат. Не би судел никого, ниту можам, затоа што мојата мисија во животот е преку песната да им донесам радост на сите околу мене и да ширам љубов секогаш и насекаде“ – завршил Којиќ.

escort - Korsan taksi