Којиќ на социјалните мрежи пропагира против вакцините

31 октомври, 2020
којиккккккккккккккккк

Во последно време, Игор се ‘сврте’ кон религијата, посетувајќи ги манастирите во Србија со своите пријатели. Покрај Православието, го опседнаа и теориите на заговор. Којиќ споделува фотографии од вакцините, за кои верува дека имаат чип.


Игор Којиќ (33), иако сè уште официјално е сопруг на пејачката Северина (49), веќе неколку месеци не е виден во нејзино друштво, а бидејќи не објавува фотографии со пејачката, тој почна да ги користи социјалните мрежи со малку поинаква содржина.

View this post on Instagram

😷

A post shared by Igor Kojić (@igorkojic) on


Којиќ посетува манастири и повеќе се посветува на верата, а веќе извесно време споделува соопштенија за епидемиолошката состојба во светот и отворено зборува за тоа како мисли дека ова е непотребна репресија. Сега отиде чекор подалеку. Игор сподели фотографија на која, тој е убеден дека има чип во вакцината. Со овој потег, Којиќ се приклучи во друштво на Тони Цетински и Дејан Ловрен, кои се веројатно најпознатите антиваксери на овие простори.

Интересно е што неговиот татко Кеба (60), како и Северина, не ги делат ставовите на Игор. И двајцата се придржуваат до епидемиолошките мерки, и по заразата со Корона вирус, Северина посвети неколку објави на оваа тема и колку е важно одржување на здравјето.
Игор, се чини, на тоа гледа како непотребно малтретирање и угнетување на слободата на народот. Како што е чипот на прст.