КОНЕЧНО! Кристијан и Станија утре се сретнуваат очи во очи! Се очекува жесток судир и невидена напнатост

2 ноември, 2020
stanijakristijan

Нетрпеливо очекуваната средба.

Кристијан Голубовиќ и Станија Добројевиќ за првпат ќе се соочат по вербалниот конфликт и бруталните закани што Кристијан ги изговори во „Задруга“, по што следуваше кривична пријава. Тие ќе се сретнат лице в лице во емисијата „Амиџи шоу“ на водителот на Огнен Амиџиќ.

Во својата емисија Амиџиќ ќе се обиде да ги смири некогаш добрите пријатели, а денес завојуваните страни.

Со оглед на тоа што Станија поднесе кривична пријава против Голубовиќ, затоа што, како што вели, ѝ била загрозена безбедноста откако тој ѝ рекол дека ќе ја убие за споменување на неговите деца, се чини дека Огнен Амиџиќ ќе има тешка работа да се најде меѓу два огна.

Старлетата ќе открие сè за што молчеше за време на тивката војна што ја водеше со Голубовиќ откако тие го прекинаа пријателството по завршувањето на „Фарма 6“, и нема сомнение дека ниту Кристијан нема да ѝ остане должен на Добројевиќ.

escort - Korsan taksi