Марко и Луна Џогани наскоро ќе застанат пред матичар!

7 септември, 2020
lunaa

Имено, пријателот на Марко, Павле Јовановиќ сподели видео на својата приказна на Инстаграм на кое се гледа како Марко ја запросува Луна, а таа остана шокирана од изненадувањето.

Луна како да знаеше што ја чека, беше целата во бело, и ја пречека торта со голем прстен на врвот, Миjковиќ клекна пред неа, а таа не знаеше како да реагира.

Секако, таа рече ДА, а кога тој и го даде прстенот, нејзините раце се тресеа толку многу што таа не можеше да го извади од кутијата, па Марко го зеде и го стави на раката.