МУ НЕМА СПАС: Тригодишната ќерка е задолжена за новиот имиџ на Новак Џоковиќ!

1 ноември, 2020
ноле

Таа ги зеде работите во свои раце!

Српскиот тенисер, 31-годишниот Новак Џоковиќ, кој со гордост ја носи титулата за најдобар тенисер во светот, тој никогаш не криел колку ужива во улогата како татко, па затоа претпочита секој слободен момент да го помине во друштво на неговите омилени, шестгодишниот син Стефан и тригодишната ќерка Тара и секако сопругара Јелена. А како изгледа кога Тара си игра со нејзиниот татко, откри мама Јелена на својот Инстаграм профил.


Ноле никогаш послатко не изгледал!

‘Кога Тара ги презема работите во свои раце. Колку таа само го омекна, му нема спас ‘, напиша 34-годишничката под фотографијата на која тенисерот позира со шнола и син прамен во косата, што се дело на неговата тригодишна ќерка. Невообичаената фотографија од Новак Џоковиќ набргу собра бројни лајкови, а од фановите кои беа воодушевени фотографијата собра изобилство коментари.

„Врската татко-ќерка е навистина нешто посебно, а она што го имаат Новак и Тара е бесценето“, „Ми го разубави денот со оваа фотографија“, „Не се сомневам дека Тара е вистинска принцеза на тато“, се само некои од коментарите под фотографијата на тенисерот.

Инаку, пред неколку месеци, во разговор во живо на Инстаграм со американскиот новинар Грахам Бенсингер, тенисерот откри дека би сакал да има повеќе деца додека неговата сопруга искрено призна дека две и се доволни. ‘Јас ги вложив сите мои сили во воспитувањето на нашите деца. Јас сум посветена на децата и целото свое време им го пружам на нив. И Ноле за мене е како дете, барајќи многу внимание. Имам полни раце работа, мислам дека не ми треба повеќе ’, рече Јелена.

escort - Korsan taksi