НИКОГАШ НЕ БИ ПОГОДИЛЕ! Дали го знаете вистинското име на Дино Дворник?

15 октомври, 2020
267153_1277717-screenshot16-ff_ff

Ненадминливиот крал на фанкот, Дино Дворник, сè уште е сакан и со задоволство слушан музичар, а неговите хитови се безвременски.

Неговиот татко беше познатиот актер Борис Дворник, а Дино и неговиот брат Дин глумеа во серијата „ Naše malo misto“ во 70-тите години на минатиот век, во која се прослави нивниот татко. Сепак, Дино повеќе се интересираше за музика, па затоа се откажа од актерството.

Дино почина во 2008 година, оставајќи ја зад себе својата ќерка Ела, која денес е многу популарна инфлуенсерка во регионот, како и сопругата Даниела, со која е во брак од 1989 година. Сепак, и покрај тоа што неговите песни како Hipnotiziran, Afrika ili Zašto praviš slona od mene и денес се слушаат, многумина не знаат како е неговото вистинско име.

Имено, вистинското име на Дино беше – Миљенко Дворник.

escort - Korsan taksi