Нивес Целзијус позираше во тесна тренерка, па откри какви мажи сака

24 октомври, 2020
46465406-ab32-44a3-a9ba-c6cfba63a6a5

Нивес Целзијус објави фотографија на својот Инстаграм профил каде позира во спортско издание и ги воодушеви своите обожаватели со фигурата во тесен комплет.

Фотографијата собра повеќе од 10.000 лајкови за само еден час, а Нивес им откри на своите следбеници какви мажи сака.

„Јас сум спортски тип, сакам спортска облека и момци кои спортуваат“, напиша таа во описот на фотографијата.

Бројни коментатори ѝ дадоа комплименти за изгледот.

„Тренерката ти стои одлично“, ѝ напиша еден следбеник.

„Леле колку си згодна“, „Подобра од најдобрите“, „Убавице“, „Фотката е топ“, се нижеа ласкави коментари.