Нивес Целзијус во досега најпровокативното издание: „Заборави да облечеш гаќички“

29 декември, 2020
Nives-Celzijus


Пејачката и актерка Нивес Целзијус се пофали на своите следбеници на Инстаграм за гала-изданието во кое се појави во последната емисија на шоуто „Твоето лице звучи познато“. Таа им подари три фотографии на кои позира облечена во многу провокативен фустан од сребрен корсет, високи црни чизми и ракавици.


Нивес и дозволи на нејзината долга брановидна коса да и падне слободно преку рамената и грбот, а деколтето на фустанот едвај ги задржа нејзините бујни гради. Исто така, многу високиот шлиц на фустанот ги откри нејзините витки нозе.

„И на оваа наша авантура во ТЛЗП и дојде крајот. Јас би се осмелила да кажам дека тоа беше исто така мојата омилена сезона. Неверојатни кандидати сите, освен еден, не можам да одлучам кој повеќе го сакам. И во пресрет на победничката во оваа сезона, само да ве потсетам на уште една причина зошто да гледате вечерва“, напиша таа во описот на објавата.


Фановите ја наградија Нивес со бројни лајкови и комплименти, а неколкумина забележаа дека не носи гаќички.


„Заборави да облечеш гаќички…“, „Каде ти се гаќичките?“, „Вие сте подобра риба од Ивана Кнол“, „Ех, што ние би дале да имавме една таква убавина во Србија. Сите (или барем повеќето) се пластични силикони без грам мозок. Се најдобро Нивес и продолжете напред“, коментираат тие.