Нивес знае како да го сврти вниманието од лошите вести со само една фотографија!

29 октомври, 2020
нивес

Атрактивната пејачка, актерка, писателка и моментално член на жирито на шоуто „Твоето лице звучи познато“, ги почести обожавателите со заводлива фотографија на која позира на креветот, облечена само во градник и гаќички.
„Вакви денови“, напиша кратко Нивес Целзијус во описот на фотографијата, која, како и секоја претходна, собра бројни лајкови. Во хаштаговите таа потенцираше „само природно“ и „просторија со поглед“.

Пред некој ден позираше со книга во рака облечена во ултра краток бел фустан со црни точки и деколте, а витките нозе ги покажа со темно зелени чизми. Инаку, Нивес, која извесно време беше колумнист во германскиот дневен весник „Билд“ и во моментов ја пишува својата четврта книга.

Таа неодамна изјави дека има голема желба да се испроба во филмска улога – малку посериозна, како хорор филм. Таа исто така откри дека има „симпатија“.