„ОЧЕКУВАВ ПЕЈАЧКА, А ДОЈДЕ ТРАФОСТАНИЦА“: Брена имаше 20кг плус, и заради една НАВРЕДА донесе важна одлука!

8 ноември, 2020
лепа брена

Таа го смени начинот на живот и никогаш повеќе не дозволи да биде исмејувана

Пејачката Лепа Брена се уште важи за една од најубавите и најзгодните пејачки.

Сепак, на почетокот на нејзината кариера таа се бореше со килограмите. Како што се наведува, во една прилика изгубила дури 17 килограми затоа што успеала да најде мотивација во коментарот на келнерот од хотелот каде што имала настап. Очекував да дојде пејачка, а дојде трафостаницата – беше коментарот, кој, како што рече, „сериозно ја изгоре“ Брена.

-Секако, тоа ме повреди. Кога ослабев 12, 13 килограми, тогаш решив навистина да го доведам моето тело до совршенство – рекла пејачката, и откри што јадела.

-Обично јадев едно или две јајца наутро. Гледав да бидат органски. За ручек, тоа беше обично многу слаба супа без маснотии, без тестенини, всушност малку вода во која едноставно ќе го бланширате зеленчукот и не готвите додека не се онесвестите затоа што тогаш нема да има витамини. И, секогаш имаше по некое месо кое беше печено на скара или варено затоа што е многу полесно за варење во организмот – рече Брена, и потенцираше дека е многу важно последниот оброк да биде до 6 или 7 часот навечер.

-Вечерата треба да биде нешто многу лесно. Може да биде јајце, парче пилешко, парче риба, секако со салата – советува пејачката.
Брена откри дека за шест месеци од 84 килограми стигнала на 67 со оваа диета.

-Бев воодушевена од себе. Тоа беше прекрасен стимул, нова енергија. Тогаш си реков дека никогаш повеќе нема да си го дозволам тоа. Треба да бидете искрени со самите себе, да застанете пред огледало без облека и да си признаете. Бидејќи треба да бидете убави на себе, тоа е суштината. Јадете храна што нема да ве дебелее, консултирајте се со експерти. Сите мора да разберат дека сепак резултатите се постигнуваат со голема работа и големи жртви. Верувајте во себе – заклучи таа.

escort - Korsan taksi