ОТКРИЕНА ПРИЧИНАTA ЗА СМРТТА НА ЏЕЈ РАМАДАНОВСКИ: Неговата ќерка отиде по резултатите од обдукцијата!

9 декември, 2020
dzej

Џеј Рамадановски почина на 57-годишна возраст во неговиот дом во Доркол на 6 декември, по што телото беше испратено на обдукција.

Како што беше наведено, неговото срце го изневерило, а неговата ќерка Ана Рамадановски отишла во Институтот за судска медицина да се информира за резултатот од обдукцијата на телото.

Ќе ги добие официјалните резултати дури за два до три месеци поради целокупната состојба со корона вирусот.

“Утрово, Ана и нејзината семејна пријателка Андријана отидоа да добијат информации за обдукцијата на Џеј. Поради намаленото работно време и воведените смени, ќе добие писмен доказ во наредниот период. Во разговор со докторот, Ана откри дека Џеј дефинитивно го изневерило срцето додека спиел“, рече изворот.

Ова го потврди и блиската пријателка и портпаролка на Џеј, Андријана.

“Така е. Семејството ќе ги добие резултатите од обдукцијата за два или три месеци.На ќерката на Џеј, Ана и мене утрово ни рекоа дека починал, како што очекувавме, односно истото што ни го соопшти тимот за брза помош”, рече Андријана.

Џеј Рамадановски ќе биде погребан во петок, на 11 декември, во 14:30 часот, во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград, според муслиманските обичаи.

Да потсетиме, на Џеј му се слошило во неговиот стан во Доркол, каде беше во строга изолација поради корона вирусот, па екипата на брза помош наскоро пристигна на самото место и започна со реанимација, сепак, и покрај сите напори на лекарот, тој почина.

Инаку, Џеј имаше операција на срцевиот залисток во Виена пред три години, а потоа лекарите му рекоа дека мора строго да се грижи за исхраната и здравиот живот.

Зад него останаа неутешните ќерки Ана и Марија, како и неговата поранешна сопруга Нада.

escort - Korsan taksi