ОТКРИЕНО! Еве колку години Раста ќе биде во затвор! (ФОТО)

18 ноември, 2020
дрога

Црно му се пишува!
Веста дека на Раста наводно му е продолжен притворот и дека ќе остане зад решетки во наредните 30 дена, одекна на 4 октомври – поради обвиненијата за нелегално производство и дистрибуција на наркотични средства. Имено, судот им одреди мерка притвор бидејќи постои опасност тие наводно да го повторат делото за краток временски период. Притворот го нареди Повисокото јавно обвинителство во Белград, а обвинетите биле испрашувани и Раста ја негирал вината, тврдејќи дека супстанциите пронајдени кај него биле за сопствена употреба.

Откако бил пренесен во Централниот затвор, Раста, наводно, му се придружил на Урош Чертиќ, кој престојувал таму поради сомнение за нелегално поседување оружје.


Во Централниот затвор, пак, тој не губеше време, барем кога станува збор за работата. Имено, таму три дена порано заврши Урош Чертиќ, со кого раперот помина многу време и планираше деловна соработка.

– Доаѓам во затворот, и уште двајца влегуваат со мене таа секунда, со друг автомобил. Не редат пред канцеларијата на докторот, а еден од тие двајца е свадбениот кум на Раста! Три дена подоцна, пристигнува и Раста. Значи, влегов со еден Црногорец и со кумот на Раста, просто неверојатно! Тој е нашиот поранешен репрезентативец во кик бокс, не би сакал да го споменам неговото име… Раста беше уапсен три дена по мене и откако дојде во саботата навечер, а мензата ја имате само во понеделник и среда, јас на него, бидејќи ја познавам лично Ана, му испратив неколку цигари и половина чаша нес кафе. Јас бев во просторијата 15, неговиот кум во 14, а Раста дојде во просторијата 12 после три дена! Имавме В.И.П. ходник. Значи… Можевме да снимиме реално шоу. Во суштина, знаев каде одат момците што го доставуваат јадењето, па го прашав командантот: „Може ли да го испратам ова? Тие рекоа: „Добро, може“. Затоа, му испратив на човекот нешто, да не чека до понеделник, затоа што знам дека сигурно е нервозен. Јас лично, скоро и да не пушам. Тој дојде по три дена, а ние се видовме на прошетка за прв пат, по седум дена од неговиот престој – изјави за медиумите Чертиќ откако беше пуштен да се брани со слобода.


– Бевме на три прошетки. Двајцата ќе шетавме, ќе разговаравме… Тој ми рече дека веќе напишал песна и дека заедно ќе направиме спот. Ќе се појавам во тој спот како каскадер, кој ќе прави акробации на спортски велосипед, бидејќи тоа е моја специјалност, меѓу другото. Само би сакал да се изјаснам дека не е точно дека сме напишале или пишуваме песна. Тој е музичар и јас осмислив неколку сцени за спотот. Ќе соработуваме кога ќе излезе, се надевам што е можно побрзо.

Каскадерот, сепак, не знае точно кога ќе може да ја примени оваа идеја во пракса. Додека ја чекаше казната, тој кратко го прокоментира и случајот на Раста, изразувајќи загриженост за раперот.

„Може да биде, не дај Боже, три години“, рече тој.