Пандемијата ја принуди Марија Шерифовиќ да ја промени професијата- Eве со што ќе се занимава од сега пејачката!

4 октомври, 2020
101556211_252307922850389_1185018973181961806_n

Мораше да ја донесе оваа одлука

Бројни sвезди мораа да направат големи промени во текот на изминатите шест месеци. Пандемијата на коронавирусот погоди многу професии, вклучително и музичарите, кои немаат концерти со месеци и им е забрането да настапуваат. Последиците ги почувствува и една од најпознатите српски пејачки, Марија Шерифовиќ, која неодамна откри со што ќе ја замени нејзината музичка кариера, сè додека не се вратиме во нормала.

View this post on Instagram

Dobar vam dan. Kako smo danas ? ☕️🍪

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) on

Таа на својот Инстаграм објави видео во кое зборува за својот нов потег. „Станувам Јутјубер, затоа што нема пари. Ќе пеам следната година“, заклучи Марија, која во неколку наврати за време на карантинот рече дека сето тоа и било тешко. Таа неодамна прокоментира како сето тоа влијае на нејзината финансиска состојба, но и на здравствената состојба. Со оглед на тоа што секојдневно им се обраќала на своите следбеници на Инстаграм за време на карантинот, веруваме дека ќе направи добри видеа разговарајќи со камерата.

View this post on Instagram

Ćao. Ćao. Samo da vas pozdravimo🥰

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) on

„Искрено, ова е првпат да не снимаме за шест месеци. Ќе видам како ова ќе влијае на моето здравје. Имајќи предвид дека не работам, и дека веројатно нема да работам ниту следната година, ова ќе биде моето единствено хоби, но и финансиска добивка “, рече Марија кога се врати на снимањето на натпреварувачкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.