Песната крие многу тажна приказна… Беше наменета за Цеца, но ја отпеа ОВАА пејачка

4 декември, 2020
78f63c2dd4efc858aeec0669d295cc623b7b6cee

Некои од песните станаа големи хитови, иако во тоа време не беа наменети за пејачите што ги пееја

Индира Радиќ е на музичката сцена веќе 30 години. Таа има бројни хитови зад себе, но најголемиот бум го направи во 2003 година, кога ја објави песната „Змај“.

Сепак, многумина не знаеја дека Марина Туцаковиќ го напишала овој текст за Цеца Ражнатовиќ, но кога Индира го прочитала, не сакала да се откаже од песната.

Песната, која стана голем хит, крие тажна приказна зад неа. Станува збор за пар кој се вљубил во средно училиште, а по 10 години врска се решиле да се венчаат. За жал, девојката потоа дознава дека боледува од рак на панкреас и дека ѝ останува малку време. Ја откажаа венчавката, а додека таа беше во болница, реши да му напише писмо и тоа беа токму зборовите на оваа песна. Го замолила да го прочита писмото дури кога ќе умре, но тој се опијанил таа вечер и го отворил писмото. Утрото кога дошол во болницата да ја посети, таа веќе починала.

Овој млад човек го чувал писмото 15 години, а потоа решил да го продаде текстот на песната на Марина Туцаковиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=a2W86W6vCGI&feature=emb_title

escort - Korsan taksi