Позади овој хит на Северина се крие трогателна приказна за еден вистинит трагичен настан…

29 октомври, 2020
283843_severina-igor-17032016-005_ff

Пејачката своевремено зборуваше за еден од нејзините најголеми хитови, но и тажна тема поврзана со нејзината песна „Пријатели“ од 1998 година. Оваа песна се слуша и денес, но многумина не знаеа до сега дека крие трагична приказна.

Имено, како што откри пејачката, таа и ја посвети песната на нејзината трагично убиена пријателка Марица.

– Ја напишав песната „Пријатели“ за мојата пријателка и песната требаше да се вика поинаку. Мојата пријателка се викаше Марица и требаше да се вика „Марица, моја пријателка“, бидејќи тоа беше моја школска пријателка, кој, за жал, почина. Но, тогаш не можев поради нејзините родители, а моите соученици ми рекоа дека треба да снимам песна за неа во одреден момент. Драго ми е што песната е отпеана, таа беше прекрасна, имаше убави зелени очи и понекогаш не мешаа, и ми беше мило бидејќи беше навистина убава – изјави Северина.