Познатите Србинки полудеа по овој бизарен тренд: Трпат болки, им остануваат дупки и за тоа даваат 3.000 евра!

1 октомври, 2020
soraja2-830x0

Последните месеци вистинската лудост кај славните девојки владее по новиот естетски тренд кој во светот популарно се нарекува „мачкини очи“.

Комплетната постапка се изведува преку локална анестезија, и подигнување и закривување на аглите на очите и веѓите – „мачкест изглед“, односно lifting – от подразбира кревање и затегнување на кожата.

Ова го решава проблемот со спуштени веѓи, дел од челото и спуштени надворешни агли на окото, и на тој дел од лицето му дава сосема поинаков изглед.

Овој третман главно е наменет за жени кои се во доцните триесетти и четириесетти години, но тоа го прават и многу помлади девојки, токму поради желбата што е можно повеќе да ги искосат очите и да изгледаат поегзотично.

Многу имиња од балканската поп сцена го направија овој зафат, а меѓу нив се: Љупка Стевиќ, Сораја Вучелиќ, Ивана Шопиќ, Андрена Чекиќ, Станија Добројевиќ, Ана Корач, Драгана Митар, Милјана Кулиќ, Драгица Златиќ, Маја Маринковиќ, Љиља Стевановиќ , Хрватската старлета Кристина Мандарина…

Но, она што е можеби голем проблем кога станува збор за оваа интервенција, е тоа што по интервенцијата може да се забележи дека на кожата остануваат дупки од самиот зафат. Резултатите исчезнуваат по неколку месеци, а повредите се видливи.

На една страница од познат пластичен хирург, цената на овој третман, кој вклучува лифтинг и коси третман на очи и веѓи, изнесува 3.000 евра.

escort - Korsan taksi