Се појави фотографија од Станија пред сите естетски операции… (ФОТО)

12 ноември, 2020
120911235-268480447679090-1740041194365562763-n

На таа објава, Станија е непрепознатлива – има сосема поинаква фризура, а промените на лицето се видливи. Сепак, фановите застанаа во нејзина одбрана велејќи дека таа е убава и сега

Српската старлета Станија Добројевиќ (35) на Instagram ја следат дури милион обожаватели кои редовно се радуваат на разголените фотографии.

Сепак, сега се појави никогаш невидена нејзина фотографија, што покажува како изгледала старлетата пред нејзината популарност, пишуваат српските медиуми.

На таа објава, Станија е непрепознатлива – има сосема поинаква фризура, а промените на лицето се видливи.

View this post on Instagram

@stanijadobrojevic nekad i sad ♥️

A post shared by ⬆⬆🔝Zapratite🔝⬆⬆ (@srbija_showbizz) on

– Станија порано беше убава, за разлика од многумина и сега е убава со корекциите – е еден од коментарите на социјалната мрежа.

Таа неодамна се врати во Србија од Америка поради судење со поранешниот затвореник Кристијан Голубовиќ (50), кој се закани дека ќе ја убие.

– Сите се запознаени со тоа дека се закани дека ќе ме убие. Реков „ДОСТА“, ова веќе не е ријалити, ова не е шоу, сега станува збор за мојот живот. Едноставно реков дека дури не морам да се враќам во Србија – изјавила Станија за српските медиуми.

– Нормално е човек да се исплаши. Најтешко им е на моето семејство. Тие сметаат дека ова е многу тешко да се доживее. Мајка ми ги гледа тие клевети… Јас не се занимавам со она што ми го припишуваат – додаде таа.

escort - Korsan taksi