ШОК-ПРИЗНАНИЕ! Станија Добројевиќ има ново момче, а нешто убаво се подготвува за во ЈАНУАРИ!

4 декември, 2020
832311_stanija_ls

Станија откри дека дефинитивно ќе помине уште некое време во Србија, каде неодамна купи луксузна вила

– Пред да дојдам, ситуацијата во Америка беше покритична отколку кај нас, сега е навистина ударно, но за еден месец се очекува се да биде во ред. Ќе морам да одам во Америка барем некаде во јануари, познато е дека живеам на два континента, морам да ги посетам двата континента, сега сум во моментов во Србија. Тука сум со семејството, со фамилијата, со момчето. Во моментов работам на нова колекција на козметика, додатоци и најсилна формула за слабеење, и секако следам „Задруга“ – рече Станија.

Таа ги коментираше настаните во Белата куќа и истакна дека Маја Маринковиќ и Марко Јањушевиќ Јањуш ѝ се многу симпатични.

– Слатки се, има сèшто турбулентно, но јас особено ги сакам Маја и Јањуш – изјави таа, а потоа откри како сега се чувствува за конфликтот со Кристијан Голубовиќ:

– Се чувствувам олеснето, смирено, се обидувам да не размислувам за тоа.

Станија откри и дека емотивно е повторно исполнета, па на прашањето дали е заљубена, одговори како од топ:

– Да, долго време!

escort - Korsan taksi