ШОК! Српските водителки се најдоа на порно страницата!

28 ноември, 2020
2391109_864462_ls

Водителките Слаѓана Томашевиќ, Снежана Дакиќ, Бојана Ристивојевиќ, Јована Јеремиќ, Маја Николиќ, Драгана Косјерина, Нина Радуловиќ, Катарина Шишмановиќ и многу други се жртви на компјутерски криминал. Нивните фотографии завршија на порно-страница, поради што е покрената истрага.

Уредничката и водителката на „Белградска хроника“ Слаѓана Томашевиќ остана запрепастена кога и соопштија дека завршила на една таква страница:

-Срамотно, бесмислено и несоодветно. Сигурна сум дека надлежните институции ќе го решат случајот и ќе најдат луѓето кои се занимаваат со глупости. Не ми е пријатно што сум на ваква страница. Не гледам потреба некој да ме става во такви улоги.

И нејзината колешка од ТВ Прва Бојана Ристивојевиќ се изненади кога дозна дека и таа вмешана:

-Верувам во работата на нашите надлежни органи и дека тие брзо ќе го решат овој случај.